Бесими: По Црна Гора, забрзана интеграција на Македонија во НАТО за да се рефлектира на регионот

на 5.2017 | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, Фатмир Бесими, поранешен вицепремиер за евроинтеграции зборуваше за можноста од забрзана интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ.

- Се променија релациите во споредба со минатите самити. Во конкретниов случај за НАТО, значи веќе се знае дека е прашање на безбедноста... тоа што го реков на почеток, не е само прашање на реакција по создавање на конфликтот, туку како превентива, особено ризиците за самата Европска унија се се поголеми, во безбедносен аспект и Самитот на НАТО кој се очекува да се одржи на 25 мај, кога ќе дојде претседателот на новата админстрација во САД. Првично ќе има средба со претседателот на Европскиот совет и Европската комисија, и нормално потоа ќе следи самитот на НАТО, зашто тука треба да се хармонизираат безбедносните политики и надворешната политика на ЕУ и НАТО... евроатланскиот концепт на демократски вредности каде што ние стремиме - рече Бесими.

Тој рече дека темата на самитот на НАТО е безбедноста и тероризмот.

И ако имате една зона која во политички смисол е нестабилна, нормално дека со самото тоа што се случи во Украина, беа прекинати релациите НАТО-Русија кои беа во партнерство повеќе од две децении, сега има замрзнување на релацијата. Според ова се преместува линијата исток-запад, како и евроатланскиот блок и политиките што ги има Русија во овој правец, и дали ќе биде Балканот линијата каде овие два концепти од дипломатски аспект ќе се соочат. Интерес на евроатланскиот концепт, на евроататланските вредности кои се помовираат за регионот, по што ќе се случи и сега официјално со Црна Гора, треба да се случи и со Македонија, за да се рефлектира за целиот регион - рече Бесими.