Остварлива ли е идејата на Зоран Заев за генерален реизбор во судството?

Автор: Зоран Јованоски | пред 10 месеци | In depth

Една од областите што бара ургентно реформирање, меѓудругото и заради побрз пат кон ЕУ е севкупниот правосуден систем кој ги опфаќа судството, обвинителството и адвокатурата. Колку е остварлива изборната заложба на потенцијалниот мандатар Зоран Заев за генерален реизбор на судиите? Поранешниот претседател на Врховниот суд, Дане Илиев, вели дека иако за потемелен зафат е потребно двотретинско мнозинство во парламентот, законите за судскиот и обвинителскиот совет се носат со просто мнозинство, а Илиев токму таму го лоцира главниот проблем. Погледнете го краткото интервју со Илиев.