Селмани: Кршењето на Груевски започна кога не доби 62 пратеници и заврши на крвавиот четврток

пред 7 месеци | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, поранешниот вицепремиер и министер Имер Селмани зборуваше за крвавото насилство во Собранието на 27 април.

- Груевски се скрши, не еднаш туку најмалку пет пати, во текот на овие четири месеци. Се скрши кога не успева да добие 62 пратеника, како што бараше од своите гласачи на изборите. По вторпат се скрши кога ДУИ му кажа збогум на заедничкото владеење од 9 години. По третпат се скрши кога ДУИ ги даде потписите на Заев за формирање на новото парламентарно мнозинство. Уште еднаш се скрши кога се избра новиот претседател на Собранието, г. Талат Џафери, и се скрши кога не успеа сценариото на едно невидено насилство, еден обид за убиство на пратеници, на невидено вандализирање на институцијата која се вика Парламент на Македонија, кој можеби набрзо од временска дистанца, некој од правните експерти, може слободно да го квалификува и како терористички чин, бидејќи за политички цели беше употребена сила, насилство, беа исплашени не само политичките опоненти туку и целиот народ, и верувам дека во мали порции дојде денот кога се скрши се што беше потребно за да се скрши Груевски и ВМРО да се повлечат - рече Селмани.