360 degrees season 3, show 15

на 12.2016 | In depth

Погледнете ја „360 Степени- in depth“ емитувана на 21.11.2016 на ТВ Алсат-М, издание од серијалот теренско-истражувачки емисии. Во неа ќе можете да го видите моделот на манипулација со јавноста преку скапо платените лобисти на ВМРО-ДПМНЕ, зборуваме за причините поради кои беа организирани протестите против наводното уривање на црквата во општина Центар, продолжуваме да трагаме по вистината за зградата во која живее поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Во „360 Степени- in depth“ ја емитуваме и сторијата за македонските спортски херои, младите фудбалери Кире Маркоски, Енис Барди и Давид Бабунски кои се дел од тимот што и го донесе на Македонија големиот успех, пласманот на Европското првенство во Полска.