Најава - 360 Степени сезона 5, бр. 68

пред една недела | Најави

Во „360 Степени“ на ТВ Алсат вечерва (13.5.2019 г.) од 22:00 часот:

-поранешни и сегашни соработници на Стево Пендаровски го портретираат новиот претседател на државата;

-„Макрон е лицемерен: од една страна во Берлин ја фалеше С. Македонија, од друга - се двоуми за почеток на преговори со ЕУ“ - кратко интервју со Лоис Трегурес, експерт од Франција за Балканот;

-денационализацијата заглавена во корумпираност и неспособност на институциите: случајот на Милко Калкус - наместо државата да му го врати одземениот имот, таа го распродава;

-управното судство падна на тестот на кој го стави асистентот на Правен факултет, Денис Прешова: на изборот на функционери од Собранието не можат да се жалат неизбраните;

-„Саботажа“.