Стојковски: Најголемиот успех од посетата на Ји е ретерирањето на Иванов

пред 7 месеци | Дебати

Во разговор за „360 Степени“, Андреја Стојковски од институтот „Евротинк“ зборуваше за посетата на високиот претставник на американскиот Стејт департмент.

- Веројатно најголемиот успех од посетата на Ји е ретерирањето на претседателот Иванов од неговиот став. Бидејќи тој самиот во изјавата којашто беше објавена го осуди нелегитимното постапување коешто го прават како пракса, а подоцна станува легално или легитимно, зборувајќи верувајќи веројатно за своите постапки, одбивањето да му го даде мандатот. Веројатно зборуваше и за „филибастерот“ што се случуваше во Собранието, над 20 дена. Зборуваше за потребата и ретерираше во својот став, дека не треба да имаме посредници, дека треба да ги наоѓаме решенијата внатре. Тоа беше пред два дена, а денеска ги повика САД како стратешки партнер на државата да се вклучат и да помогнат во надминувањето на сите постоечки пречки за доделувањето на мандатот, односно за изборот на новата влада. Тоа можеме да го гледаме како барање да помогне САД да го заштити него во доделувањето на мандатот ако се чувстувал загрозен, или може да се толкува како обид да се изнуди вмешателство или изјава од страна на САД во осуда на Тиранската платформа, односно заедничката изјава на албанските партии - рече Стојковски.