Калајџиев: Тешки кривични дела како Велепредавство и Терористичко загрозување на уставниот поредок

на 5.2017 | Дебати

Во разговор за „360 Степени“, професорот Гордан Калаџиев зборува за кривичните дела кои се направени при упадот во Собранието.

- Ако се работи за организиран напад врз Собранието, квалификацијата на делата ќе биде поинаква. Овие дела насислство, обид за телесна повреда, толпа... тоа се дела што се случуваат и на улица, и на фудбалски натпревар. Делата што со насилство ќе се сторат врз Собрание, и коишто имаат цел да се повика, да се смени власта, е веќе велепредавство. Со насилно менување на органите, односно Собранието, е велепредавство и тешко се казнува. Загрозувањето на поредокот што е намерно направено со акт на сила и присилба е предвидено исто како конкретно кривично дело, Терористичко загрозување на уставниот поредок - рече Калајџиев.

Тој напомена дека постојат повеќе од 20 кривични дела со кои можат да се гонат организаторите и извршителите.