Што донесе Хојт ји - осуда на кукавичките напади, барање за брз избор на влада, ретерирање на Иванов

Автор: Владимир Мирчески | пред 12 месеци | Дебати

Се чини дека посетата на Хојт Ји донесе поместување во политичкиот процес, барем на реторичко ниво.

Ова се однесува пред се на ставовите на претседателот Ѓорге Иванов. Тој побарал од САД, како стратешки партнери на Република Македонија, да помогнат за да се отстранат пречките и да се овозможи парламентарното мнозинство да го добие мандатот.

Исто така, Иванов бара од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека „заедно со коалиционите партнери ќе дојдат и ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија“.

Посетата на американскиот дипломат ја следеше Владимир Мирчески.