Бомбите ја објаснуваат полициската реакција на крвавото насилство во Собранието

Автор: Александар Димитриевски | пред 7 месеци | In depth

Дали е на повидок обид на обвинителството и на делови од полицијата одговорноста за насилството во парламентот да се сведе само на директните извршители, а и тие, ако одговараат, тоа да биде за полесни кривични дела?

Иако се води постапка навидум против голем број лица, значаен дел од нив се недостапни за полицијата.

Исто така, иако МВР испрати посебно известување за организаторите на протестите, од обвинителството досега нема постапка против нив.

Зврлевски и неговиот тим не зборуваат ниту за одговорност на полицијата за она што во четвртокот се случи во Собранието, особено за одговорност на директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој според сведоштвото, два часа не бил достапен за министерот за внатрешни работи Агим Нухиу.

Чавков се колне во своја чесност и професионалност, но јавноста памети речиси идентични случаи од минатото, во кои полицијата не убедувала дека она што го гледаме, не е баш така.

Прислушуваните разговори го разголија лицемерието.

Повеќе од видеото.