Најава - 360 Степени сезона 5, бр. 61

пред една недела | Најави

Во „360 Степени“ на ТВ Алсат вечерва (15.4.2019 г.) од 22:00 часот:

-топ-листа на најкористените зборови во настапите на претседателските кандидати и нивна анализа;

-анкетите го скицираат исходот од гласањето в недела - нема поголеми разлики во истражувањата на релевантните агенции;

-помина уште еден 8 Април - Светски ден на Ромите: државата не знае колку деца Роми се надвор од образовниот процес;

-зошто меѓународните настапи на фудбалската репрезентација и клубовите во други спортови ги следиме со коментари на хрватски и српски јазик;

-„Саботажа“.