Дали владата поставува нов репер за почеток на преговори? Османи вели - не е важен јуни, туку 2019

пред една недела | Дебати

Вицепремиерот Бујар Османи во интервју за емисијата „360 Степени“ на ТВ Алсат зборуваше за посетата на Берлин и краткиот период меѓу објавувањето на извештајот на ЕК за земјава (29 мај) и последната сесија на Бундестагот (3-7 јуни) пред Европскиот Совет (20-21 јуни), на кој треба да се носи одлука за почеток на преговори со Северна Македонија.

- Неопходно е Советот на ЕУ да и даде мандат на ЕК да ја подготви преговарачката рамка... преговарачката рамка детерминира во која линија ќе се одвиваат преговорите понатаму. На крај откако Комисијата ќе ја достави преговарачката рамка до земјите членки и до Советот, Советот треба да ја усвои таа рамка и да закаже заедничка владина конференција. Тоа значи дека во моментот кога се одржува заедничката владина седница и официјално почнуваат преговорите. За нас е важно оваа точка да остане фиксна и да не се менува, значи одржувањето на заедничка владина конференција. Ние минатата година во јуни имавме прецизна рамка за почнување на преговорите. Тоа што ни недостасуваше минатата година во јуни беше одлука за давање мандат на Комисијата за да подготви рамка. Затоа, сега расправата ќе биде, дали ќе може во јуни Комисијата да добие мандат за да подготви преговарачка рамка. Можен период може да биде еден месец, една недела, може да биде три месеци. Зависи како ќе се договорат земјите членки за текстот на преговарачката рамка за да се одржи првиот состанок. Точката за која ние мислиме дека не треба да се помрдне е да се одложи меѓувладиниот состанок каде официјално започнуваат преговорите. Ние сме се уште оптимисти дека има простор во јуни, иако вие го истакнавте фактот што единствениот состанок на Бундестагот е само два дена. Затоа што извештајот ќе биде објавен на 29 мај, среда, потоа четврток, петок, сабота и недела не се сметаат - рече Османи. 

На прашањето дали како вицепремиер и како влада ќе се чувстуваат одговорни доколку во јуни нема датум за преговори, Османи рече дека лично неговата улога е до извештајот.

- Бидејќи сум координатор на реформите, важно ми е дали извештајот ќе биде позитивен или не. Од извештајот до Советот е одлука на земјите членки. Мислам дека повеќе одговорност како Влада би чувствувале доколку ја испуштиме првата меѓувладина конференција да биде оваа година. Бидејќи тоа е фиксниот момент независно кога е одлуката, јуни, јули, почеток на јуни или после 10 дена. Дали се поместува почетокот на преговори. Значи, ние зборуваме за почеток на преговори, којшто е првата меѓувладина конференција.

- Ама немјоте. Сега воспоставувате нов репер. После ќе ве држиме за тој репер... очигледно, многу се комплицирани работите во Европската Унија и навистина не се знае што ќе се случува.

- Никогаш не биле покомплицирани - рече Османи и ги наведе како примери Брегзит, односно хаотичниот процес за излез на Велика Британија од ЕУ, како и изборите за Европскиот парламент.

Османи во интервјуто рече дека го очекува најпозитивниот извештај досега.