Најава - 360 Степени сезона 5, бр. 59

пред 2 недели | Најави

Во „360 Степени“ на ТВ Алсат вечерва (8.4.2019 г.) од 21:55 часот:

-соседски портрети на кандидатите за претседател на државата - репортажа од Бутел, Дебар Маало и Автокоманда во Скопје;

-нови елементи за истражувањето на „Призма“ кое откри дека екс скопскиот градоначалник се подновил со куќа во Ќерамидница веднаш покрај Вардар: Коце Трајановски и сопругата ја купиле фирмата-сопственик на парцелата (и куќата во градба) за само илјада евра;

-кој ја претвори „Републиката во пламен“: „360 Степени“ на терен во беровско и Преспа за да ги регистрира последиците и да праша за причините за големите пожари;

-сексуалните работници бараат декриминализација на начинот на кој заработуваат за живот: исповед на активистка од Струмица;

-„Саботажа“.