Дали Охрид ќе биде ставен на листата на УНЕСКО на наследство во опасност

Автор: Никола Здравковиќ | пред 3 недели | In depth

Во јуни во Баку, главниот град на Азербејџан, ќе заседава Комитетот за светско наследство при УНЕСКО за, меѓу другото, да реши дали Охрид ќе го стави на листата на културно и природно наследство во опасност.

Од владата се оптимисти дека Охрид нема да го загуби досегашниот статус, но експерти и граѓански активисти не се сигурни во тоа. Особено што во овие последни денови во кои се затвора извештајот за Охрид, од езерото доаѓаат лоши вести – за постојано палење и горење трска најверојатно заради нечии бизнис-интереси.

Што може да натежне во ова одење по работ, како што ја опишуваат состојбата од канцеларијата за соработка со УНЕСКО - од прилогот.