Спасовски: Неколку пратеници сами ги отстраниле железните пречки на вратата од Собранието

на 4.2017 | Дебати

Во интервјуто за „360 Степени“, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, откри нов момент во врска со упадот во Собранието во четвртокот.

- Разгневената толпа влегува на главната врата на Собранието на Република Македонија. Според мои информации и според информации на дел од полицајците на внатрешното обезбедување на Собранието, неколку пратеници сами ги отстраниле железните пречки коишто се поставуваат на вратата од внатрешната страна на Собранието, за да не можат да бидат лесно пробиени. Тоа укажува на едно смислено сценарио - рече Спасовски.

Тој рече дека тие што влегле биле водени од некој кој добро го познава Собранието и кој знае каде да ги однесе.