Спасовски: 2-3 илјади луѓе беа пред СДСМ, но упативме порака дека не смее да дојде до судир

на 4.2017 | Дебати

Во интервјуто за „360 Степени“, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, зборуваше за реакцијата на членството на СДСМ и другите партии од парламентарното мнозинство додека пратениците беа мета на напад во Собранието.

- Немате посериозен инцидент од тоа да дозволи полицијата влез на било кој што протестира во државна институција. Удар на храмот на демократијата. Нормално е дека и приврзаниците на СДСМ, после објавувањето на она што ни се случува нас внатре во Собранието, да бидат собрани. Две илјади, три илјади луѓе, не знам колку биле во моментот пред седиштето на СДСМ. Нормално е и други приврзаници на политичките партии да бидат таму - рече Спасовски.

Тој истакна дека со тоа уште еднаш се покажала одговорноста и на СДСМ и на сите други политички партии за тоа што значи државничко однесување.

- Нормално беше луѓето да притискаат да тргнат да не бранат. Меѓутоа, нашата одговорност и во тие моменти кога се боревме да останеме живи во салата на прес центарот, сепак упативме сериозни пораки дека што и да ни се случи нам, не смее да им се случи ништо на граѓаните на Република Македонија. И не смееме да предизвикаме сериозен инцидент - рече Спасовски.

Целата емисија на следниот линк.