Во ек на епидемија на морбили, анти-вакцинална пропаганда на ТВ, Филипче се консултира со МВР и ОЈО

Автор: Петар Клинчарски | пред еден месец | In depth

Во екот на епидемија на мали сипаници, пред се, поради одбивањето на некои родители да ги вакцинираат своите деца, на Собранискиот канал и на една приватна национална телевизија, се прикажани содржини во кои отворено се пропагира против вакцинацијата.

Агенцијата за медиуми смета дека нема работа за неа, а од Лекарската комора гласно прашуваат – ако и за најмала лекарска грешка се одговара, тогаш кој се грижи за одговорноста на овие луѓе.

„360 Степени“ разговараше и со министерот за здравство, кој вели дека се консултираат со МВР и со обвинителството за да преземат соодветна акција.