360 Степени сезона 5, бр. 53

Автор: Васко Попетревски | пред еден месец | In depth

Во новото издание на „360 Степени“ на ТВ Алсат (18.3.2019 г.):

-планерска фирма, ангажирана од општина Центар, го црта ДУП-от за паркингот кај „Холидеј ин“ за цена од само еден денар - истражувавме за врските меѓу планерите и градежните компании;

-законот за СЈО станува главен услов за почеток на преговори со ЕУ - од работниот појадок за земјава во Брисел;

-„Северна Македонија веќе испорача. Сега ние, Европската унија, треба да и возвратиме“ - шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, во кратко интервју за „360 Степени“;

-во екот на епидемија на мали сипаници, анти-вакцинална пропаганда на Собранискиот канал и на една приватна телевизија - Филипче се консултира со МВР и обвинителството;

-450 илјади граѓани преживуваат во зоната на сиромаштија, а сто илјади тони употреблива храна завршува на депонија - во подготовка закон што ќе стимулира донирање храна;

-„Саботажа“.