Спасовски: На еден му испадна пиштол, имаа и ножеви, не гаѓаа со се што најдоа

пред 12 месеци | Дебати

Во интервјуто за „360 Степени“, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски зборуваше за нападите во Собранието врз него и други пратеници од парламентарното мнозинство.

Тој откри дека има фрактури на две места на носот и неколку посекотини по вратот и по лицето

- Луѓето со качулки на главите, со фантомки, кои влегоа прво, беа и наоружани, на еден од нив му испадна и пиштол, имаа ножеви со нив, меѓутоа се што можеше да се најде во просторијата на прес центарот на Собранието, од камери, од држачи за камери, од ногарки од маси, лајсни коишто беа поставувани во прес центарот и така натаму, се беше употребено - рече Спасовски.

Тој рече дека бил нападнат со железен предмет, неколку пати со шипка, со неколку дрвени предмети, еден постамент за знаме, два пати бил гаѓан со дел од столица.

- Фала му на Господ за тоа што имавме среќа да останеме живи. И голема благодарност на луѓето од обезбедувањето коишто беа мое лично обезбедување, како поранешен министер за внатрешни работи. Тоа се луѓе од МВР, полицајци коишто со решение на министерот се доделени како мое лично обезбедување. Едниот од нив беше во првиот момент со мене, додека двајцата подоцна, заради тоа што не ги пуштаа прво да влезат внатре во Собранието - рече Спасовски.

Целата емисија на следниот линк.