Странски новинари во Малта со директни прашања до Никола Попоски за предавањето на власта

пред 10 месеци | Дебати

Техничкиот министер за надворешни работи и пратеник, Никола Попоски имаше неформален состанок во Малта на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, со шефовите на дипломатија од земјите кандидати. Таму беше соочен со директни новинарки прашања од странски новинари, како ќе постапи ВМРО-ДПМНЕ со оглед на пораките на меѓународната заедница за мирно предавање на власта.