Ивановска: Глобите се ниски и овозможуваат некој да сака да ги плати, наместо да постапува законски

пред 3 месеци | Дебати

Претседателката на новата антикорупциска комисија (ДКСК), Билјана Ивановска, во интервју за „360 Степени“ на ТВ Алсат зборуваше за глобите кои се предвидени во новиот закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Ивановска се сложи дека тие се ниски и во одредени случаи на некои лица подобро би им било да платат глоба отколку да работат законски.

- Имате право за тоа. Законот сега за сега е тој, меѓутоа тоа не е фиксно. Устав се отвора, не па закон да се промени. Доколку утврдиме дека постојат некои такви нешта, би можеле да предложиме промена на тие членови - рече Ивановска.