360 Степени сезона 5, бр. 45

Автор: Васко Попетревски | пред 3 месеци | In depth

Во новото издание на „360 Степени“ (18.02.2019) на ТВ Алсат:

- Каква беше атмосферата на саботниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Струга

- Истражувавме - дали се издржани критиките за етнички и партиски клуч при делењето на парите во Годишната програма на Министерството за култура

- 23 милиони евра потрошени за една и пол година за надворешна механизација од ЕЛЕМ. Што се смени и дали воопшто нешто се смени со смената на власта во РЕК Битола

- Власта во небрано по изјавата на премиерот Заев во прилог на инвеститорот што гради хотел на охридското крајбрежје во Лагадин - како сега ќе се постави локалната самоуправа

- Нова „Саботажа“