Најава - 360 Степени сезона 5, бр. 42

пред 2 месеци | Најави

Во „360 Степени“ на ТВ Алсат вечерва (8.2.2019 г.) од 22:00 часот - интервју со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска:

-како Царовска се најде на линијата на огнот меѓу ДУИ и СДСМ;

-како ги доживува обвинувањата од ДУИ за неодговорно однесување и ширење фејк-њуз со обелоденувањето на скандалот за неуплатени 19 милиони евра пари на осигуреници во вториот пензиски фонд;

-кои се главните разлики меѓу СДСМ и ДУИ за реформата во социјалната сфера и дали пакетот закони ќе биде деблокиран во Собранието;

-зошто законот за заштита од дискриминација е заглавен во парламентот и реални ли се „стравувањата“ за еднополови бракови;

-дали Владата ги слуша предупредувањата на ММФ за претпазливост при евентуално ново зголемување на минималната плата