Како ќе се постават Кривичниот и Апелацискиот суд по мислењето на Врховен за СЈО

Автор: Александар Димитриевски | пред 2 месеци | In depth

Што по начелното правно мислење на Врховниот суд со кое се што преземало или презема СЈО по 30-ти јуни 2017-та е прогласено за незаконско?

Не е првпат Врховниот суд, со иновативни интерпретации на законите и правото, да биде институцијата што носи одлуки во полза на обвинети од СЈО. За случајот со притворот на Сеад Кочан, за дел од судиите на Врховен има и иницијатива за разрешување, но Судскиот Совет, од необјаснети причини, со месеци ја чува во фиока.

Дали последната одлука е доволна основа за покренување нова иницијатива за разрешување на врховните судии што ја донесоа и што понатаму со случаите Империја, Талир и оние во кои се засегнати Али Ахмети и Бујар Османи.