Најава - 360 Степени сезона 5, бр. 41

пред 2 месеци | Најави

Во „360 Степени“ на ТВ Алсат вечерва (4.2.2019 г.) од 22:00 часот:

-загадување на воздухот: по алармантните резултати од експериментот со плунка, министерот Венко Филипче разговарал со колешката Бети Дејанова и договорил да се направи опсежно истражување;

-како ќе се постават Кривичниот и Апелацискиот суд во Скопје по „начелното правно мислење“ на Врховниот суд со кое се што презема СЈО по 30 јуни 2017 година е прогласено за незаконско;

-злоупотреби при вработувањето лица со хендикеп - има ли власта капацитет да се справи со оваа појава;

-како живеат децата без родители во новите мали групни домови по напуштањето на Домот „11 Октомври“ - репортажа;

-„Саботажа“.