360 Степени сезона 5, бр. 39

Автор: Васко Попетревски | пред 3 месеци | In depth

Во новото издание на „360 Степени“ на ТВ Алсат (28.1.2019 г.) :

-изненадувачки резултати од експеримент што професорка по медицина од Скопје го изведува со студенти со децении - дали е тоа нов индикатор за сериозноста на проблемот со загадувањето на воздухот;

-зошто ниеден изум за намалување на загадувањето што доби грант на крајот на 2017 г., се уште не е во употреба, иако беше ветено;

-кога ќе биде потпишан пристапниот протокол за НАТО за Република Северна Македонија - интервју со шефицата на досието за земјава во Алијансата, Тања Хартман;

-директорот за проширување во ЕК, Кристијан Даниелсон, пристигна во Скопје во инспекција на реформите;

-која е вистината за Попова Шапка;

-„Саботажа“.