Пендаровски: Во нашите служби има луѓе кои не за ЕУ и НАТО, ќе има ветинг пред влезот во Алијансата

пред 3 недели | Дебати

Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, во интервју за емисијата „360 Степени“ на Алсат, зборуваше за посетата на помошник генералниот секретар на НАТО за разузнавање и безбедност и дали посетата има поврзаност со очекувањата за потребата од прочистување или ветинг на безбедносните служби.

- Тоа е прашањето кое веројатно прво ќе дојде на агендата од аспект на класифицирани информации. Кога ќе влезете во заедничкиот систем за разузнавање на НАТО не можете да оставите луѓе кои немаат баш чисто педигре, во професионална смисла, кои се врзани, евентуално со други безбедносни системи, а не со западната алијанса, да имаат контакт со тие информации бидејќи може да ги дисеминираат таму кај што не треба. Не е тајна, во нашите служби, особено во некои сегменти на Агенцијата за разузнавање, ние имаме луѓе кои не се поминати низ тој ветинг процес и воопшто не се за оваа западна ориентација на Македонија. Тие луѓе службите ги знаат. Зборуваме за луѓе на кои не им е драго што Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО и работат се изминативе неколку години, и денес да направат тоа што можат да ја одвратат Македонија од тој пат. Има луѓе и од приватниот сектор, и од регионот, и тие луѓе беа прилично активни и за време на референдумот и со финансирање на тие структури кои не сакаат да одиме кон западот. Сега откако помина договорот и уставните промени, тој ентузијазам и енергија им спласна, но не значи дека е завршен  - рече Пендаровски.