„Зошто да не“ - Арифи за можноста да биде претседателски кандидат

пред 3 месеци | Дебати

Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, во интервју за емисијата „360 Степени“ на Алсат зборуваше за претседателските избори, барањето за консензуален кандидат на нејзината партија, или како што таа го нарекува, „договорен кандидат“ и дали евентуално таа би била можен избор на владејачката коалиција.

- Нормално, јас со најголема сериозност му служам на тој избор што го направија граѓаните на Тетово, но во мојата кариера, сега веќе повеќе од една деценија, секогаш сум одговарала на тие барања, обврски, можности во кои сум можела да го дадам мојот придонес. Така што, апсолутно во зависност од тоа какви ќе бидат околностите, но во овој момент би сакала да истакнам уште еднаш дека главната услуга и обврска ја имам кон моите граѓани на Тетово. А, доколку времето и околностите ми дадат други обврски, се разбира со поддршка на моите граѓани, зошто да не - рече Арифи.