Петковски: Во ДУИ уште не ја научиле лекцијата која им ја упатија гласачите на изборите

пред 7 месеци | Дебати

Љупчо Петковски, истражувач во Центарот за европски стратегии „Евротинк“. во дебатата на „360 степени“ зборуваше за улогата на Али Ахмети и ДУИ во политичката криза.

- Луѓето се политички махери но не научија една лекција. Изгубија половина од своите гласови играјќи на националистичка карта, играјќи на големото албанство, на етничките права, и тие се уште се во шок и не изведоа заклучок дека можеби гласачите што ги изгубија, ги изгубија затоа што не застанаа на правата страна. Тоа не е страната на СДСМ, тоа е страната на правдата во Македонија. На тоа во оваа држава да почнат да се казнуваат политичарите што правеле грешки - вели Петковски.