Рускоска: Не би ги амнестирала Бетмен, Дамовски, Дурловски и Јовановски

пред 4 недели | Дебати

Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат посочи дека веќе се поставени контурите кој од обвинетите ќе биде опфатен со амнестијата.

Рускоска е сигурна дека законот од затвор ќе ги спаси пратениците Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, како и двајцата обвинети од кабинетот на тогашниот претседател на Собранието.

Сепак, обвинителката лично смета дека организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Игор Дурловски и Владо Јовановски не ги исполнуваат условите за да бараат амнестија.

Што е со организаторите на протестите?

- Затоа ви кажав за сите останати ќе се одлучи во Јавното обвинителство на Македонија

Оваа воздржаност значи дека околу организаторите имате дилема?

- Па, јас на пример немам, ама не знам што ќе кажат колегите во републичкото обвинителство.

Мислите дека треба да останат обвинети?

- Јас лично мислам – да.