Најава - 360 Степени сезона 5, бр. 32

пред 3 месеци | Најави

Вечерва (21.12.2018 г.) од 22:00 часот во „360 Степени“ на ТВ Алсат - интервју со шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска:

-дали се чувствува поразена од политиката по законот за амнестија за 27 април;

-кои делови од законот ги смета за непрецизни;

-кој, според неа, би требало да биде амнестиран, ќе има ли преквалификација на обвинението;

-колку е блиску до откривање на нарачателите и организаторите на настаните од 27 април;

-до каде е предистрагата за бегството на Никола Груевски;

-се знае ли каде и како Груевски излегол од Македонија, има ли пропусти и одговорност кај институциите;

-има ли напредок во случајот со замрзнатите 11 милиони евра во Монако, дали тие пари се поврзани со функционер од претходната влада;

-ќе има ли високопрофилни случаи за актуелни функционери;

-„Саботажа“.