Чупеска: ВМРО-ДПМНЕ сака да се факторизира преку закана за безбедноста, амнестијата е крајна цел

пред 10 месеци | Дебати

Ана Чупеска Станишковска, доцент на Правен факултет во дебатата на „360 степени“ зборуваше за мобилизацијата по етничка основа од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

- Етничката мобилизација што ја практицира ВМРО-ДПМНЕ е со единствена цел, целосно да се инвалидизираат реформските заложби кон коишто тргнавме и за кои добивме поддршка од меѓународната заедница и понатаму да се затскријат сомневањата за сериозните кривични дела извршени од страна на високи државни органи. Најважно е дека со секуритизацијата на етничката агенда, односно со тоа што ВМРО-ДПМНЕ сака да стане закана за безбедноста, се факторизира на сцената, со крајна цел да се амнестира - вели Чупеска Станишковска.

Таа вели дека целта на ВМРО-ДПМНЕ била да се отргне вниманието на јавноста од важните теми преку прашања за т.н. Платформа, во што и делумно успеале.