Тодоровски: Индивидувалните закани од Стејт департментот за опструирачите се сосема сериозни

Автор: Владимир Мирчески | пред 12 месеци | Дебати

Пораките од американскиот Стејт департмент дека заедно со европските партнери ќе работат, не само на обесхрабрување на политичарите што го опструираат формирањето влада во Македонија, туку и за нивно одговарање за ваквите постапки, претседателот на Синдикатот на македонската дипломатска служба, Сашко Тодоровски, за „360 степени“ ги анализира низ призмата на базичните меѓународни документи.

- Во Македонија некако изгледа дека се уште има луѓе кои веруваат на тие флоскули дека се работи за слобода на говорот и дека не е блокирано Собранието, туку ете, се одвива некоја најнормална дебата. Таквото нешто не поминува ниту во западните кругови, а уште помалку во Стејт департментот - вели Тодоровски.

Тој вели дека според Европската конвенција за човекови права и според Универзалната конвенцијата за човекови права и правото на изразување воопшто не е неограничено.

- Ако се ова такви многу јасни императивни принципи на меѓународната заедница, извесно е дека ЕУ и на САД нема и не можат да поверуваат на некакви пропагандни флоскули што ги продаваат пратениците на ДПМНЕ. Ако тоа се каже еднаш, два пати, три пати и тие се прават како да не сфаќаат за што се работи, иако јас мислам дека тоа е чиста глума, едноставно речено, Стејт департментот сметал дека треба да ги каже најнајотворено работите и да ги зачини со малку индивидуална закана. Таа индивидувална закана, според мене, е сосема сериозна и едноставно, овие луѓе, според мене, би морале да ги сфатат овие пораки - вели Тодоровски.